Студио Дизајн Ортодокс
КОИ СМЕ НИЕ
Вo Студио Дизајн Ортодокс, специјализирани сме за архитектонски и внатрешен дизајн и mикро урбанистички решенија. Со над 15 години искуство, се гордееме со нашиот иновативен пристап и посветеноста на задоволството на клиентите.
Успешно трансформиравме безброј простори, осигурувајќи дека секој проект ги надминува очекувањата на клиентите и го подобрува нивното живеење или работно опкружување.
НАШАТА ПРИКАЗНА
Основано во 2006 година од архитектот Владимир Јованов, Студио Дизајн Ортодокс прерасна во биро со ефикасен, повеќечлен тим кој посветено работи со цел на креирање оптимални архитектонски решенија.
Зад нас имаме бројни проекти, од семејни куќи до јавни објекти, постојано мотивирајки се со новите задачи.
Со текот на годините изградивме мрежа од задоволни клиенти. Повторното ангажирање од долгогодишните клиенти за нови проекти за нас претставува најголема мотивација и задоволство.
Покрај постоечките клиенти, нашиот тим е секогаш заинтересиран за нови проекти и клиенти.
НАШАТА ПОСВЕТЕНОСТ
Нашата мисија е да создадеме иновативни архитектонски дизајни кои инспирираат и ги исполнуваат уникатните визии на нашите клиенти, збогатувајќи ги нивните животи преку внимателно обликувани простори.
Ja цениме креативноста, соработката и интегритетот во нашата работа, истовремено придржувајќи се до одржливи практики и највисоките стандарди за квалитет на дизајн.